Saturday, December 14, 2019

Политичка инконтиненција кон Македонија


            Тврдењето дека: „Македонскиот национален идентитет не е заснован на камен (на историска вистина на фактите), туку на песок (фалсификација, искривување, прикривање, селективност на историското минато), е неизбежно осуден на пропаст.”[1] ‒ има беспредметна вредност, не заслужува понатамошна полемика и научна елаборација; секако дека не е ситно предавство, туку посериозен степен на велепредавство (непријателска дејност); со тврдењето значително се оштетени државните интереси или интересите на граѓаните на Македонија, како и верниците на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија.



(1)

            политички агресивизам и мешање во внатрешните работи на една држава е декларацијата на Бугарската академија на науките, за тоа дека Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот.

            Да сум крава што ја повеле во кланица, и газдата по пат да ме праша, дали би му се придружила во работата, моето прво прашање би гласело: дали тогаш ќе престанеш да нè убиваш? За жал, тоа не било првото прашање што им е поставувано на воените и на политичките агресори на Македонија.



(2)

            принципот на самоопределување е меѓународно право; уште од времето на Вестфалискиот мировен договор[2].

            Повелбата на Обединетите Нации нуди права и должности на државите; сите држави се правно еднакви и уживаат исти права и должности. Меѓународниот принцип „нација‒држава” му дава право на секој народ да определи свој статут (устав), и во него да одредува суверенитет. Во вака конституирано меѓународно право, како, воопшто може, една држава да врши било каква детерминација на друга, освен со примена на воена агресија? ‒ оти политичката е незаконска.

            (Некогашната, но мртва)Политичката идеја за „Сан Стефанска Бугарија” ја промени својата позиција на дејствување, од субверзивна во реваншистичка, со примена на шовинистички манифестации врз Македонија. Бугарската волја стана разоткриен напад, со цел да се вратат територијалните загуби што наводно им се изгубени. Ваквата општа волја не е демократска и не ги спроведува обврските од меѓународната безбедност и соработка. Секоја мисла насочена за извршување штета кон некого е одмаздничка мисла, и таквите постапки се карактеризираат како нацизам, што е различно од национализам (родољубие или домољубие). Екстремните реваншистички идеолози прикриено вршеа атак врз Македонија, заблуда дека нив им припаѓа „областа Македонија”; со години вршат нацистички политики врз Македонија, со цел да ги вратат изгубените територии; сега, неприкриено го негираат меѓународниот принцип „нација‒држава”. Бугарскиот шовинизам инфилтрира огромни средства, мобилизира поддршка од внатрешни луѓе од Македонија за остварување на целите.



(3)

            кон Македонија, од страна на Бугарија, и од другите нејзини соседни држави, била и сè уште е применувана мека сила; елементите на државност беа подлежни на преобликување, со цел промена на преференциите на Македонците, најчесто преку привлекување соработници на бугарската кауза, односно беа кооптирани луѓе од релевантни институции во Македонија. Карактеристика на меката сила е тоа што е принудна, но не е брутална; мети на примена на меката сила се македонската: култура, етничкиот идентитет, политичките вредности и надворешната политика. Промената на конститутивните елементи на државноста се спроведуваше преку влијание врз социјалното и јавното мислење, преку релативно транспарентни канали и лобирање, рушење на кредибилитетот на институциите и на личностите, преку моќни политички и неполитички организации, како и преку економско влијание.



(4)

            Македонскиот народ е посебен ентитет.

         Македонскиот идентитет не  претставува субидентитет на ниту еден друг национален идентитет од соседните држави. 

            Кога ќе се отфрли народната волја (ништовно по универзалните закони) во еден договор, онаа народна волја на којашто не ѝ е сочуван идентитетот, оти преку негово институционализирање се формира држава, тогаш без постоење на народна волја, автоматски ќе го снема постоењето и на државата.



(5)

            Македонскиот јазик дава правна сигурност и на македонската дражавност; е лингвистички дистинктивен[3], којшто потекнува и неговите јазични корени директно се поврзуваат со Македонија. Македонскиот народ низ вековите создал лингвистички сукцесивно градиво, и тој има сопственост (dominium) врз јазичната експресија, и тој единствено целосно го плодоужива (usufruct) вистинско право; туѓа држава за македонскиот јазик нема право да тврди дека е субординиран во однос на неговото вистинско (светски — лингвистички етаблирано) право. 

            Македонскиот јазик мора да биде официјален јазик, бидејќи е домороден јазик (endoglossic), за разлика од оној што не е домороден, и е егзоглозичен (exoglossic). Со тоа што државата има за цел да го заштити македонскиот јазик како домороден (неакцептиран, туку од рамките на точно одредена говорна заедница од околината на Солун, којашто не е ниту бугарска, ниту српска, ниту грчка, туку македонски лингвистички корпус),  на таков начин тој е дистинктивен од јазиците на соседните држави; безусловната јазична заштита, нема да ја дозволи можноста, кога и да е во иднина, да стане лингва франка.

            „Националниот јазик” и „службениот јазик” не смеат да се сфаќаат како два концепта, или правни категории со опсег на значења што можат да се совпаднат; совпаѓањето на националниот и на службениот јазик, во иднина не може да бидат намерно одвоени како два посебни концепта. Нациите без државјанство (stateless nations) не се во состојба да регулираат службен јазик и ги раздвојуваат концептите.




Белешки
[1] https://bigorski.org.mk/stavovi/za-identitetot/

[2] „Вестфалиската доктрина за државите, создаде легитимни држави, коишто одговараат на нациите ‒ групи луѓе обединети со јазикот и со културата; претставува систем од независни држави коишто се воздржуваат од мешање во меѓусебните домашни работи. На секоја држава ѝ беше доделен атрибут на суверена моќ над нејзината територија. Секој што живее во една држава, мора да ги признава домашните институции и религиозни групи на своите сограѓани, и ќе се воздржува да го оспорува нивното постоење.” (Henry Kissinger, World Order [2014], Penguin Publishing Group.

„Вестфалискиот мировен договор” стави крај на обидите за наметнување наднационална власт на европските држави.

„Вестфалискиот суверенитет”, или државниот суверенитет, е принцип во меѓународното право, дека секоја држава има ексклузивен суверенитет над својата територија (The principle of non‒interference in other countries' domestic affairs). Принципот е во основата на современиот меѓународен систем на суверени држави, и е содржан во Повелбата на Обединетите нации, каде што се вели, дека: „Ништо не смее да овластува интервенција во суштинските работи, во во рамките на домашната надлежност, на која било држава”. Секоја држава, без разлика колку е голема или мала, има еднакво право на суверенитет.


[3] Македонскиот јазик е подистинктивен од јазиците во многу држави: Србија и Хрватска; Австрија и Германија, и поголемиот дел од Швајцарија (и Белгија) имаат ист јазик; големи региони од Украина, Белорусија и Естонија зборуваат руски јазик; Сад, Англија, Ирска и Шкотска имаат ист јазик, но се различни држави (или барем се во постапка за излегување од федерација) ...