1) Симплификација на софизмот и на делузијата од Српската Православна Црква
Првичната измама или логичката
грешка на доказната постапка (proton pseudos‒от), што Српската Православна Црква (СПЦ) своевремено (во 2003 год.) ја направи со формирањето на проектот „ПОА”, сега настојува да ја
изобличат со методот на „Црвената харинга” (насочување на истрагата во погрешен правец).
За разлика од плашилото што се
поставува во нива („човек” од слама, поставен среде нива), и коешто има своја функција, СПЦ своевремено настојуваше формално, но неправно
(неканонски) да издејствува страв кај Македонскиот народ
од безблагодатност на Црквата, односно на јерархијата од Македонска Православна
Црква ‒ Охридска Архиепископија (МПЦ‒ОА). Во услови кога не им успеа стратегијата, оттаму што хиротониите на
„епископите”, од проектот „ПОА”, се апстрактни, бидејќи хиротонијата е
незамислива без народот од Црквата (во Македонија; вештачки
и насилно никнаа „пастири без стадо”); затоа, сега
(по 16 год. од формирањето на проектот „ПОА”) прибегнуваат кон аргументативна стратегија за изобличување на позицијата
на другата страна (МПЦ‒ОА). СПЦ прават (последен) обид да ја дискредитираат МПЦ‒ОА, притискајќи ја самоиницијативно да потврди
состојба на раскол (шизма), што е
нивна навидум веродостојна тактика; иако во продлабочена црковно‒правна анализа, таа е крајно ирелевантна,
диверзивна тактика.
Всушност, СПЦ преку погрешното
интерпретирање на реалната ситуација, настојуваат да ги оправдаат своите
противправни (неканонски) дејствија во минатото, направени со цел преиначување на Одлуката (од 1959 год.) од Архијерејскиот собор на СПЦ, со којашто на
МПЦ ѝ била доделена автономија. Контроверзноста и противправните дејства се со
цел: преку пакет‒мерки СПЦ да го спроведе својот Устав со формирање статутарен
проект „ПОА”, во сè потчинет на СПЦ, на територија којашто е под јурисдикција
на МПЦ‒ОА. Тоа би било преседан што по вторпат во историјата би ѝ се случил на
Охридската архиепископија, првпат со неканонската хиротонија на монахот (свети) Сава (Српски), и вторпат со неканонското проектирање на квази‒проектот „ПОА”. СПЦ ги хиротонисаа
„епископите” од проектот „ПОА” во Србија, и ги испратија во Македонија. Парадоксално,
бидејќи секој епископ мора да служи при онаа Црква за којашто е хиротонисан. Проектот
„ПОА” е планиран и финансиран од СПЦ и државата Србија; неговиот ангажман е привремен,
со цел создавање услуга од имплементаторите, за уништување на МПЦ‒ОА, на проектот,
доколку успееше, ќе требаше да му се изврши целосна пренамена, за во својата
завршна фаза, да ја реализира иницијалната цел на планот за постигнување
единствена јурисдикција на СПЦ на територијата на Македонија. Нешто слично на
моделот на Московската патријаршија со држење автономна Црква во Украина.
Меѓутоа, да се вратиме на делузијата
и на софизмот од СПЦ. Со новата Одлука, укинувајќи ја претходно донесената
Одлука за автономија на МПЦ (1959 год.), СПЦ има за цел целосно да ја дискредитира МПЦ; главните одредби на новата
Одлука (во time lag од 44 год. [1959‒2003]) од СПЦ против МПЦ се:
·
целосно одлачување (екскомуникација) на Македонскиот народ;
·
непризнавање на
крштението;
·
забрана за секакво
свештенодејство;
·
оневозможување на
народот да се причестува (надвор од МПЦ).
Архијерејскиот
собор на СПЦ во 2003 год. екстравагантно (властољубиво) и неканонски, ја преиначи сопствената Одлука што во 1959 год. позитивно ја
донел тогашниот Архијерејски собор на СПЦ, на МПЦ да ѝ додели автономно
управување. СПЦ со преиначување на сопствената Одлука, МПЦ ја изопшти со крајна
ригорозна антицрковна политика. Притоа, со формирањето на проектот „ПОА”, сторени
се огромен број канонски повреди. На пример, евидентни се апсолутни повреди на
помесниот идентитет на Православната Црква во една политичка диецеза (држава) коишто се загарантирани со каноните: 13 од
Антиохискиот собор и 2 од II Вселенски собор, коишто ја детерминираат можноста
еден епископ (или повеќе епископи, или, пак, Помесен
собор), неповикан(и) да ја преминува(ат) својата граница во јурисдикција
од друга Помесна Црква.
Тоа значи дека, противправните (неканонски) дејствија од СПЦ започнуваат во 2003 год.,
кога диверзивно го формираат проектот „ПОА”, со цел внатрешно уништување на
МПЦ. Противправните дејствија на СПЦ отпочнуваат со преиначување на res
judicata (неизменливоста и конечноста на) донесената Одлука за доделување автономија на МПЦ во 1959 год., што претставува
првична (само)измама заснована на претпоставка, којашто, веќе, самата по себе,
е противправна заблуда на СПЦ. Оттука, секако дека целата нивна понатамошна
доказна постапка, засновајќи ја на првична заблуда, е правно неоснована и
невистинита. Од друга страна, пак, новоформираниот проект „ПОА” е prima facie ‒
првостепен погрешен заклучок чија црковно‒правна провиниенција не може да се
докаже.
Оттука, формата на дијалогот (автентичен) што сега го предлага СПЦ, може да се прифати
само доколку СПЦ ја признае својата иницијална диверзивно‒деструктивна цел како
канонски неоснована постапка. Секаков поинаков обид МПЦ‒ОА ќе го смета за
избегнување на вистинската дискусија за предметот на дијалогот (СПЦ ‒ инфалибилна, а МПЦ‒ОА престапничка), односно нивната аргументативна стратегија ќе биде (сметана за) ирелевантна за логиката на дијалогот. МПЦ‒ОА
нема да прифати еднострано декларирање раскол, туку мора и СПЦ да признае
противправност (неканоничност) на своите дејствија со формирањето на проектот ПОА. Секоја поинаква
јуриспруденција е нелегитимна.
Промената на предметот за дијалог, МПЦ‒ОА
ќе ја смета како намерен обид да се пренасочи процесот на поедноставување (истрагата) на неканонското формирање на проектот „ПОА”
на територијата од автономна црква (МПЦ), сега веќе автокефална.
Фактичката состојба, за проектирање
и за инсталирање на „ПОА”, во постоечкиот духовен простор на територијата од
Македонија, од страна на Македонскиот народ, е перципирана како делузија или
невистинита (деструктивна) идеја. Македонскиот народ ги отфрла таквите дејствија на СПЦ. Затоа, не
може СПЦ да бара од МПЦ‒ОА да го прифати нивното лажно уверување како реално, и
притоа, да го издигне на ниво на главен предмет на дијалог за автокефалноста ‒
наспроти објективите докази за отфрлањето на таквите идеи од народот ‒ за неприфаќање
на „ПОА” како норма за автокефалност од страна на Македонските верници. Ако
верниците во Македонија не го прифаќаат таквиот modus operandi, предложен од
СПЦ, тогаш МПЦ‒ОА не може да прифати нешто што е спротивно од барањата и од
очекувањата на своите верници, кои, пак, не го поддржуваат ова нормирање (асимилирачкиот проект „ПОА” да биде фактор за дијалог) како предложен услов од страна на СПЦ. Ако МПЦ‒ОА ги прифати понудените
услови за присилен дијалог, тогаш таа станува дисоцијативна жртва (која ги исклучила барањата на емоционалните компоненти од народот) опишана во „Стокхолмскиот синдром”.
Тоа значи, дека дејствијата од СПЦ,
коишто се базираат на искривена и неканонска пракса, да се бара безусловно да
бидат прифатени од МПЦ‒ОА, како прифатлива позиција од другата страна, е со цел
СПЦ да добие преквалификација на канонски бесправното дело „ПОА”, односно
аболиција ‒ ослободување (на СПЦ) од дисциплинска одговорност. Напротив, дијалогот е прифатлив само доколку негов
главен предмет биде ретроактивната положба на МПЦ од 1959 год. Мора да се земе
фактот дека епископите на МПЦ оствариле доволно духовно‒материјален развој на
Црквата во изминатите 60 год., при што, СПЦ само ќе го констатира легитимниот
развој на МПЦ‒ОА до автокефалност.
Дебатата е залудна кога условите на „дијалогот”
еднострано се детерминирани, кога не ѝ се дозволува на другата страна да понуди
предлози за договорање заеднички правила, факти, претпоставки.
Диверзивната цел на
првопреговарачката страна (СПЦ) е, преку „преговори”, второпреговарачката страна (МПЦ‒ОА) да ги признае грешките (дека е во раскол), и практично да се онеспособи овој црковно‒правен
механизам ‒ (60 годишен нееретички, туку догматско‒литургиски
правилен) развој од автономен црковен ентитет до
стекнување предиспозиции за автокефалност, за стекнати преклузивни права, за доброзапазен еклисиолошки поредок.
Спротивно, пак, последиците од
евентуалната примена на правниот трансплант „ПОА” (примена на Уставот од СПЦ во МПЦ‒ОА) ‒ се (субординирачки и деструктивно) далекусежни за МПЦ‒ОА:
1) Притисок за избор на нов претстоител (архиепископ) на МПЦ‒ОА;
2) нов распоред во полигонот на силите во епископатот;
3) прегрупирање;
4) одмаздничко активирање на меморискиот синдром (деструктивна омраза) меѓу сегашните
митрополити;
5) идна дестабилизација на МПЦ‒ОА со заминувањето на постарата генерација
митрополити, преку
6) intra vires активности на новите (увезени) службеници во рамките на МПЦ‒ОА, кога епископите од „ПОА” ќе станат
законски органи „во рамките на новораспределените овластувања”;
7) последователна фаза на инкохеренција (неможно
создавање целина, лабавост, неповрзаност), и
понатамошно уништување на МПЦ‒ОА.
Заради двострана доследност, СПЦ
мора a priori да го прифати автокефлниот статус на МПЦ‒ОА, за возврат, МПЦ‒ОА да
прифати облигациска bona fide, за интерно, без надворешен притисок, да најде
адекватно решение за „ПОА”.
Самата организација „ПОА”, како и
идеологизацијата на нејзините членови, се основани во друга држава и со други
странски цели, што не се во согласност со поредокот и со потенцијалите на
државата во којашто сакаат да егзистрираат (Р. Македонија). Ова значи дека нивните цели не се во
функција на развојот на верската заедница што сакаат да ја регистрираат во Р. Македонија,
туку целта е трајна автономна зависност од странска верска заедница (СПЦ), при што „ПОА” е статутарно дефинирана за да
функционира на покраинско ниво. Егзистирањето на една организација во една
држава, претпоставува усогласеност со правниот поредок на државата, како и со етосот
на народната волја, којашто го дава легитимитетот на законите во една држава,
преку делигирање на претставниците во законодавниот дом. За граѓанинот на една
држава не е дозволено да спроведува статут или устав на туѓа држава, под
изговор дека со Универзалната декларација за човекови права му се гарантирани
правата на слободен избор. Секој граѓанин на една држава би бил контрадикторен
со ставот 4 од Преамбулата од Универзалната декларација за човекови права, што
гласи: „Ги поврзува човековите права со развојот на пријателски односи меѓу
нациите.”
Затоа, проектот „ПОА”, не смее да
остане да егзистира во Македонија под проектираното својство, на нивното
статутарно организирање и дејствување, спроведувајќи туѓ врховен правен акт (на СПЦ), сѐ додека не направат статутарна
деидентификација ‒ дека не ги загрозуваат правата на нацијата на државата во
којашто живеат. Спротивно, доколку се упорни во таквите нивни постапки, спроведувајќи
туѓ Устав (од СПЦ), односно туѓ врховен правен акт (т.н. правен
имплантант), тие би дејствувале спротивно со
елементарното начело во Преамбулата од Универзалната декларација за човекови
права за: „Развојот на пријателски односи меѓу нациите”, бидејќи секоја нација
си има свое non plus ultra. Проектот „ПОА” за да егзистира во Р. Македонија, во
својот статут, којшто е усогласен со, за нив највисокиот правен акт, Уставот на
СПЦ, експлицитно да ја дефинираат, прво, потребата од деидеологизација на
спроведувањето на странски највисок правен акт во туѓа држава и, второ, да
извршат поексплицитна деидентификација на идентитетското (националното) обележје на членовите од „ПОА”, кои се
стремат за акултурација на македонството и пропагирање на српството во Р. Македонија
‒ продолжени политики на Србија по исходот од Балканските војни. Така, доколку
поексплицитно се дефинира „што значи негова земја”, во контекст на
остварувањето на човековите слободи и права, на пример, кај секој од членовите
на „ПОА”, тогаш повеќето од принципите на Универзалната декларација за човекови
права би биле неефикасни при спроведувањето на човековите права и слободи на
граѓанин од една држава, кој ги спроведува интересите на туѓа држава, особено
кога тој сака да регистрира туѓ статут или туѓ устав во државата во којашто
живее. Сепак, за да биде применлив овој услов, државата треба да има законско
решение за идентификација на servitus servitutis esse non potest (граѓанска службеност на две држави).
2) Цариградски антиегалитаризам
Што се однесува, пак, до
унилатералното (неконсензуално) доделување автокефалност на Православна Црква на Украина (ПЦУ),
Константинополскиот (= Цариградски) патријарх, неговата сесветост г. Вартоломеј, не треба да се повлекува, не
треба да изврши дерогација врз Одлуката за автокефалност на ПЦУ (да ја стави вон сила), иако (Одлуката) е на неканонски (унилатерален, непленарен или несоборен ‒ δίχα συνόδου τελείας) начин донесена.
Сепак, никој не ѝ го доделил правото
на Цариградската Патријаршија (ЦП) за пресудување (да прима жалби, да врши функција на
апелациска инстанца ‒ εκκλήτου προσφυγής) на
поднесена жалба (бидејќи, жалбите според 17 канон од Халкидонскиот собор се однесуваат на свештенството од другите јурисдикциии[1]), ниту под изговор дека некоја Помесна Православна Црква (ППЦ) се наоѓа под нечија репресија, или дека е во
немилост од некаква дополнителна неправда поради зацврстувањето на својата
власт во туѓа јурисдикција. ЦП е онаа што претседателствува во љубовта, и поради
тоа ѝ е дадена чест да го обезбедува одржувањето на редот и на поредокот во
Православието, но не како онаа Помесна Црква којашто ја поседува власта за
апелациско пресудување, туку онаа којашто има чест ‒ настанатиот проблем во
некоја од ППЦ, координирачки да го произнесе на некој иден Вселенски собор. Спротивно,
станува збор за узурпирање на правото за власт (ultra vires), и тоа со ароганција, кога таа (ЦП) се поставува во улога на судија надвор од нејзината точно дефинирана
јурисдикција, тоа значи дека таа се поставува како безгрешен судија на
Вселената, и притоа ја презема функцијата од Вселенските собори, коишто
единствено имаат право, преку соборната совест на епископите, да ги детерминира
догмите и да ги санкционира дисциплинските одредби.
Токму заради апелациите (самододелените прерогативи) што самостојно си ги
доделувал Римскиот епископ (Папа), во времето на свети Кипријан Картагински, примајќи апелации од
Картагинската Црква, настанува иницијалниот раскол во Црквата ‒ на про‒Источен
и на про‒Западен модел за вонјурисдикциско судење и владеење со „вселенската”
Црква; дури подоцна расколот добил литургиско‒догматски димензии.
Расколот што официјално настанал во
1054 год. е последица на претходни различни разлози, како на пример: властољубивиот
анархизам на Цариградскиот патријарх. Тој ја искористил политичката
констелација и политичката важност на Константинопол (како главен град во Римското царство). Бескруполозните барања од страна на патријархот со седиште во
Константинопол се однесуваат на проширувањето: компетенции и граници на влијание длабоко во јурисдикцијата на
Римскиот епископ. Притоа бил искористен Царот Теодосиј II, кој на Константинополската
патријаршија ѝ ги потчинил Дакија и Македонија, потоа во 421 год. ѝ ги доделил
и Тракија и Понт. На таквите тенденции се спротивставил Римскиот епископ. Всушност,
со преселувањето на престолнината од Рим во Константинопол, Константинополскиот
патријарх си присвојувал сè поголема административна моќ. Спротивно на
каноните, предизвикувајќи неред во Црквата, тој ја самоиздигнувал власта, ги
проширувал компетенциите, како и нелегалните претензии надвор од своите
јурисдикциски граници, нарушувајќи го јерархискиот поредок. Против таквите
нелеглни (неканонски) претензии се бранел Римскиот епископ, и бил против напредувањето надвор од
точно дефинираните граници на Цариградската патријаршија[3].
Значи, процесното (парнично) право (ексклузивно) никогаш не ѝ е доделено на некоја Помесна Црква, надвор од нејзините
граници. Приматот (самододелените прерогативи) е производ од погрешното толкување на правилата 17 и 28 од Халкидонскиот
собор. И во двете правила не постои експлицитна одредба за апелациска постапка,
или за самостојно (унилатерално) доделување автокефалност, со којашто на некој патријарх му се дава некакво
право надвор од јурисдикцијата на една Помесна Православна Црква. Меѓутоа,
првичната заблуда станува општа делузија (упорност во
грешките, неверување, и покрај тоа што сите факти се спротивни на
самоувереноста) дека Константинополскиот епископ има некакви
„вселенски” права (спротивно на 39 канон од VII помесен ‒ Цариградски собор), бидејќи, како претстоител на ППЦ, мора да се нарекува само „епископ на
првиот престол”. Таа заблуда произлегува од историските претензии за супрематија
(т.н. „папизам”).
Имало обиди, најпрво од Римскиот
папа (од IV‒VII век) да се вршат
апелации над Картагинската Црква, но обидите биле неуспешни, бидејќи свети
Кипријан Картагински целосно ги побил обидите за каква било мериторност на
Римскиот црковен суд надвор од јурисдикцијата на Римскиот епископ, преку мешање
во Картагинската јурисдикција. По големиот раскол на Црквата во XI век,
Константинополската (Цариградска) патријаршија, исто така, се обидувала да ја преземе улогата на т.н. „Вселенски
апелационен судија”, што се однесува на унилатералното (ultra vires) доделување автокефалност, и тоа фактички го
вршела сѐ до почетокот од XX век; кога ги доделува последните регуларни
автокефалности, со формирањето на Грчкото кралство[2], како и од исходот на Балканските војни.
Потоа, Константинополската патријаршија ја воведува новоформираната теорија на таканаречена
„Вселенска” јурисдикција (спротивна на одредбите
од светите канони и од Преданието), којашто е пандан на
папските еретички постапки за имфалибилност (непогрешливост во судењето на вселената). Таканаречениот „Вселенски патријарх” (Мелетиј Метаксакис) отпочнува да ја
применува ужасно кулминирачката модернистичка теорија, којашто е спротивна на
основите, како од канонското, така и од Божественото право. Не смее да се
воведува ништо ново (nihil innovetur nisi qoud traditium est), туку сѐ мора да биде втемелено на црковното Предание[4]. Како што промислува и
Валсамон[5]: „Поредокот одржува сè, и она што е небесно, и она што е на земјата.”
Моделот (начелото, според Тријадолошкиот, неактуарски
принцип) на претстоителство во Православната Црква (прв меѓу еднаквите/primus interpares/πρώτος μεταξύ ίσων), хиерархиското устројство на првиот меѓу епископите и останатите епископи,
според 34 апостолски канон (како и каноните:
Антиохиски 9; Прво‒втор 13, 14 и 15), што се однесува на
претстоителството во ППЦ, истиот (модел) мора да се преслика и на „вселенско (универзално) ниво”; епископите (митрополитите) не треба ништо да прават надвор од волјата на претстоителот во ППЦ, но
ниту претстоителот (патријрхот/архиепископот) не може ништо да прави без волјата од епископите; моделот на
претстоителство во една ППЦ мора да биде пресликан и на „вселенско (универзално) ниво”; така што, она што претстоителот (патријрхот/архиепископот) е во ППЦ, тој, на ниво „вселенско
(универзално) ниво”, без деградација, треба да се однесува
како епископот во ППЦ. Оттаму, епископите (патријарсите/архиепископите од ППЦ) не треба
ништо да прават надвор од волјата на претстоителот на „вселенско (универзално) ниво” ‒ првиот по чест (πρεσβεία τιμής) меѓу еднаквите епископи „вселенско (универзално) ниво” (Цариградскиот
патријарх), но ниту претстоителот (Цариградскиот патријарх) не може ништо да прави
без волјата од епископите (патријрсите/архиепископите
од ППЦ), и тоа координирачки, надвор од официјалните
Вселенски собори, и мноштвото епископи од сите ППЦ присутни на Вселенските
собори. Единствено Вселенските собори се меродавен институт во Православната
Црква, никаква вградена индивидуална моќ на еден претстоител на ППЦ не е легитимна.
Сепак, таканаречената „Вселенска
јурисдикција” е неприфатен метод од страна на сите ППЦ. Приматот (првенството според Литургискиот прототип) не е непознат за Православната црковна свест, туку поимот врховна власт (ultra vires или супрематија) е новотарија, погрешно воведена. Јурисдикцискиот
примат (супрематијата) претставува антиегалитаријанство; поттикот за расколнички тенденции во
текот на XX век произлегува од антиегалитаријанство, од самостојното доделување
надсоборни права и од појавата епископ над епископите; episcopus episcoporum (епископ над епископите) или primus sine paribus (= прв без еднакви), е арогантен феномен протежиран контрадикторно од потребната
доследност во односот кон Преданието, дека претстојателот на Помесна
Православна Црква е прв меѓу еднаквите или primus inter pares во Православната
Црква; спротивно, Цариградските патријарси со текот на времето ги декласираа
основните елементи од одредбите поради лични мотиви (гордост, славољубие, алчност), што, пак, е
санкционирано со 11 канон од Сардикискиот собор: „Проникнат од суета и желба за
славољубие, ниту еден епископ не смее да понижува друг епископ”.
Кога „Вселенскиот патријарх”
самоиницијативно им доделил автокефалност на Црквите во: Естонија, Полска, Чехословачка,
Финска, отпочнал конфликт, и тие територии за Руската Православна Црква станале
црковно спорни.
Токму заради овие апелациски
претензии, во моментов (прва четвртина од XXI век) Православната Црква е во официјален раскол; против апелациските претензии истапи
Московската патријаршија, којашто, пак, е упорна во друга неканоничност. Фактички,
Московската патријаршија не прифаќа можност за стекнување автокефалност според
моделот на Кипарската Црква (8 канон од III
Вселенски собор), како и полагањето право на застареност,
како адекватен правен институт при стекнување автокефалност. Кога една Помесна
Црква е повеќе од 30 години автономна (17 канон од
Халкидонски собор и 25 канон од Трулскиот собор), мора да ѝ се даде автокефалност, доколку јерархијата и народот тоа го
побараат, но тоа е неприфатливо за Московската патријаршија (што се однесува за Украина, како најзрела ).
Антиномизмот (целосното занемарување на законите) е спротивно
од значењето на Преданието, коешто во правилна употреба, тоа е право коешто е
дадено од горе, од Вселенските собори, каде што најрелевантна примена има
егалитаријанство или пленарноста при одлучувањето, еднодушноста и едномислието
на сите епископи од Православната Црква; ова претпоставува постоење на прв по
чест, соодветно на прототипот на првенство на епископот во служење на
Литургијата.
МПЦ‒ОА не треба самоиницијативно да
се најде во незавидна позиција, и a forteriori (посилна форма на аргументација) да врши екстраполација
на расколот, што се однесува на тоа, дека автокефалноста на МПЦ‒ОА зависи од
центарот на Константинополската моќ на самоодлучување (апелција/εκκλήτου προσφυγής). Апелацијата е
мериторен институт само во рамките (во строго дефинираната
јурисдикција) на една ППЦ, бидејќи за судење на еден епископ
е потребен Собор на сите епископи од една Помесна Црква, а презвитер судат неколку
епископи од Помесната Црква. Апелацијата е немериторен институт надвор од
границите на Помесната Црква (13‒от и 16‒от канон од
Антиохискиот собор, како и 2 канон од II Вселенски собор). Во никој случај, пак, не може да се примени
самостојно (несоборно) доделување автокефалност, тоа е спротивно на повеќето канони (2 к. од II ВС дури ги определува границите на црковната администрација,
порамнувајќи ги со политичките); камоли, пак, да ѝ се
дозволи на една ППЦ (безразлика дали таа првопрестолната во
Константинопол [да не бидеме делузивни ‒ Истанбул] или во Москва) да донесува апелациони пресуди помеѓу автокефалените цркви, коишто, пак,
токму тогаш, ја губат сувереноста ‒ штом постои можност една ППЦ да пресудува
во каков било правен спор врз друга суверена (автокефална) Црква, и притоа да донесува апелациски суд (е римокатоличка еклисиологија); во таков случај, не
станува збор за Православна Црква, бидејќи таа се управува помесно (а соборно верува), туку станува збор за супрематска (т.н. папистичка) примена на еклисиологијата (неприкосновен папа, кој е прв без еднакви ‒ primus sine paribus), непозната за Православното Предание. Против оваа ужасна теорија за
„Вселенска јурисдикција”, започнале, во 50‒тите год. од XX век, да се
организираат предсоборски состаноци на сите автокефални Православни Цркви, со
цел да се отстранат унилатералните постапки на таканаречената „Вселенска
патријаршија”, којашто длабоко навлегува во јурисдикционен примат над
интересите на повеќето Православни Цркви. Од друга страна, пак, не може еден
законски одржан Вселенски собор да занемари, или да исклучи еден спор помеѓу
две Цркви; безразлика дека едната, автокефалната, што на каков било начин
добила автокефалност, ја оспорува легалноста на другата, на автономната, и
притоа да издејствува да не биде повикана на Соборот, и да ѝ го скратува
правото да го образложи својот проблем со автокефалната Црква; ова оттаму што, единствено
само Вселенските собори се мериторни за какви било спорови (догматско‒дисциплински) помеѓу автокефални и
автономни Цркви.
Сепак, ниту „Вселенскиот” модел е
православен, ниту, пак, Московскиот модел, којшто се раководи од принципот на
јурисдикциска територија (таканаречен
империјалистички модел) на териториите од повеќе суверени мнозински
Православни и неправославни држави, наместо од сублиматот на услови и на
фактори за стекнување автокефалност. Критериуми за стекнување автокефалност,
општоприфатени од сите еминентни црковно‒правни и канонски теоретичари, се
исполнување услови и фактори за стекнување автокефалност; сублиматот од
внатрешен капацитет на автономната Црква ‒ исполнети материјално‒формални
показатели за автокефалност: волја на народот, волја на јерахијата, волја на
државната власт, како и способност за автокефално постоење на Црквата ‒ сето
тоа се изразува и се исполнува преку изграденоста на материјалниот и особено на
духовниот капацитет на Црквата (организирани монашки
заедници, организиран парохиски живот, видлив духовен развој на верниците,
богословско образовни институции).
Спротивно, пак, МПЦ‒ОА, доколку се
впушти во тековните прегрупирања во Православието, ќе си нанеси само штетни
последици. Хипотетички, дури и таа да се приклони кон супрематската теорија за
„Вселенска” јурисдикција, и притоа, да ѝ ги делигираме правата (коишто се неотуѓиви права [jus gentium] на волјата од народот [закон на
народите] и фундаментално валидни), тоа значи друг, кој нема
пренесени права од правниот систем (од каноните) на Православната Црква, да одлучува за нас (за МПЦ‒ОА), тогаш правата од Одлуката за автокефалност во 1967 год., ги продаваме за
„компензаторски томос”.
Цената на автокефалноста е
компензаторски томос, којшто не е безусловен, туку вклучува исполнување услови
поставени од „Вселенската” патријаршија: купување Свето Миро од „Вселенската
патријаршија”, ставропигии за трајно финансирање на „Вселенската патријаршија”,
потврда на претстоителот на МПЦ‒ОА од Ендемуса синодот на „Вселенската
патријаршија” (насилна смена на нашиот постоечки
претстоител на МПЦ‒ОА), и најболниот услов е предавање на
диаспората, исто така, на управување на „Вселенската патријаршија”, како и
формирање combinatio nova МПЦ‒ОА преку интегрирање на предавничкиот прокет „ПОА”.
Меѓутоа, во таков случај, МПЦ‒ОА отстапува од иреверзибилноста на Одлуката за
автокефалност од 1967 год. Треба да се знае дека, и тогашниот Трет Црковно‒народен
собор, врз основа на анализирање, преку стратешко‒политичко планирање (формулирање на проблемот, креирање адекватен модел, решавање на проблемот:
евалуација и избор на алтернатива) за идните активности,
дошол до (неизменливо за следните генерации) решение ‒ прекин на преговорите со СПЦ (прогласување немериторност на Архијерејскиот собор на СПЦ врз МПЦ), и усвојување цврст, обврзувачки и неотповиклив став за долгорочно
актуелизирање на автокефалноста на МПЦ ‒ сѐ додека таа нѐ биде прифатена од
сите ППЦ. Притоа, во процесот на одлучување, евалуација и избор на адекватно
решение, било одлучено МПЦ да не се базира на каква била апелациска инстанца.
Одлуката за автокефалност од 1967 год. е базирана на евалуација на општиот „рецепт”
за стекнување автокефалност, а тоа е сецесија (модел што го примениле сите соседни Православни Цркви на МПЦ), до конечна долгорочна ратификација (спонтано
исцеление на „расколот”) на автокефалноста. Како
соодветен пример може да се земе долгорочноста за стекнување автокефалност на Руската
Православна Црква (РПЦ), којашто 141
год. била во „раскол”. Изненадувачки е тоа што главната индиција за постапката
за еднострано признавање на РПЦ, во 1589 год., се базира на 28 правило од
Халкидонскиот собор; тоа правило се посочува дека е злоупотребувано за
супрематските тенденции за управување со „Вселенската” Црква.
Самоиницијативноста (супрематијата и неконсензуалноста) на Константинополската (= Цариградска) патријаршија ја издигнал РПЦ во патријаршија. Но, унилатерланата постапка
од страна на Константинополската патријаршија ги испровоцирала протестите на
патријархот Александриски, при што, подоцна и другите патријарси покажале
незадоволство од постапките на Константинополскиот патријарх. Сепак, три години
подоцна, Цариградскиот (Константинополски, но честа ја добил поради
царот, оттука Цариградски) патријарх свикал нов
Собор, овој пат присуствувале и Александрискиот патријарх, заедно со
патријарсите на Антиохија и на Ерусалим. Значи, од тој момент започнува
самоиницијативноста на Цариградските патријарси при прогласување автокефалност.
Но, исто така, од тој момент започнало јавното критикување на самостојното
доделување автокефалност. Поддржувањето на „Вселенската администрација”,
којашто има право да прима апелациски жалби од други ППЦ, претставува поддржување
на империјалистички бескомпромисен прелат.
Сето ова што досега го кажавме,
значи дека не постои „магичен” печат во рацете на „Вселенскиот” патријарх со
којшто доделува автокефалност. Напротив, со таквите постапки, единствено што
постои е „печатот на расколот” во Православната Црква! Ова тврдење произлегува,
оттаму што, ако Константинополскиот патријарх може да го поништи она што некој
епископ во светот го одлучил, тој во суштина има или обврзувачки, или изгубен
авторитет над него, тогаш Православието има episcopus episcoporum (латентен папизам). Напротив, ниту еден епископ во себе не може
да ја концентрира моќта како конечен арбитар за прашањата за верата и за
дисциплината на Вселенската Црква (којашто не смее да има
вселенска администрација), бидејќи православниот
принцип на управување е соборен. Соборноста во управувањето со Православната
Црква не познава монархичност (централизирана моќ) на еден епископ, односно моноепископатичност.
Токму Сардикискиот собор (на којшто главна улога имал свети Атанасиј Велики) се одржал (374 год.) заради отфрлање на апелациската структура на Римскиот епископ, недавајќи
никаква можност за примат на Римскиот епископ, под изговорот дека е наследник
на свети апостол Петар. Самиот приговор на Соборот бил упатен против праксата од
Римскиот епископ кој настојувал да поседува неприкосновен примат. Главниот
приговор на неоснованата желба на Римскиот епископ бил од страна на свети
Атанасиј Велики, како и на епископите од останатите Источни градови, вклучувајќи
го и Константинопол.
Вселенските собори мора да останат
супериорен институт (канонска уредба), наместо ова што се практикува, како последна инстанца во синџирот на
еднакви (со цел да се направи нешто соборно) по вредност епископи во ППЦ, а оттука и во Вселенската Црква, чијашто
незаменлива глава е Господ наш Исус Христос. Единствено Вселенските собори
претставуваат орган којшто или одобрува, или не одобрува некаков канон (дисциплински или догматски). Секој епископ е
онтолошки наследник на апостол Петар, и ниту еден епископ (или, пак, Синод, или Помесен собор) не може (екстравагантно/властољубиво) да се издигне над друг
епископ ‒ ниту во самата Помесна Црква, а камоли надор од границите на една
Помесната Црква, во друга.
Тешко е можно на Црквата да ѝ се
припише власт и право, на некој начин, да го прогласи она што не било за нешто
што било, и да го „претвори ништавното во значајно” – „по икономија”, како што
вели професорот Диовуниотис[6]. Фактички ‒ може, по икономија; на начинот, од перспектива на мотивот, и
според методите (политичка самостојност на кралство, или во
денешни услови, на суверена држава), како што уште пред 800
години на монахот (свети) Сава (Српски) Немањиќ, иницијално, му е дадена можност да
биде хиротонисан за епископ, неканонски, надвор од канонската јурисдикција за
којашто се поставува, при што (Сава) од состојба на безблагодатност, како што тврдел Димитриј Хоматијан, во чии
јурисдикциски граници се одвивало неканонското дејствие на Сава, веднаш станал ризница на благодат и „создал автокефална Црква”; по принципот на
неселективност, дисциплинарен релативизам, како во случајот со свети Сава
Српски, може да им се даде на сите автономни Цркви, што ќе прогласат
капацитативност за автокефалност, по икономија, да им се додели автокефален
статус, оти нели можело.
Оние што го сочувале „апостолското
преемство”, не се безблагодатни, уште повеќе што е запазено целокупното чино‒дејствие
во православна смисла, притоа (нивното чино‒дејствие) порано не било ниту непотполно, ниту инославано; тоа се остварува преку непрекинатост
на поврзаноста со Црквата, како и преку директно и совршено јасни докази за
валидно извршени Свети Тајни, коишто реално се совршуваат. Валидноста (или стварноста или реалноста) и делотворноста на
Тајните се докажува преку преображението на верниците во Црквата, каде што
срцата од верниците така често горат, пламтат и со вера, и со љубов, и со
подвиг; копнежот за спасение има две страни, и оттука не може да не се
забележителни објективното дејство на благодатта Божја и субјективниот подвиг
на верата од верниците; ако тие се фактички, тогаш Тајните се и валидни и
делотворни.
3) Поддршка за реализација на неформалниот институт „Трет Рим” во
Православната Црква ‒ само на оној што ќе се залага за Православна деонтологија
Неформалниот институт „Трет Рим” по
адекватно е да се трансферира во Москва; само што, Москва не успеа да се
наметне како претстоителка во љубовта. Хипотетички, доколку Московската
патријаршија покажеше посовршени својства за меѓусебна љубов, и на автономната Украинска
Православна Црква (Московски патријархат) ѝ овозможеше да се развива од автономна кон автокефална Црква, што впрочем
ќе покажеше новоквалитативен (реално неконфликтен) модел за идните стекнувања автокефалност, сите останати Помесни Православни
Цркви, вклучувајќи ја и Романската Правослвна Црква (којашто, според многумина, е второ‒етаблирана Православна Црква), со егзалтација, сите, и соборно, ќе го одоброволеа (вклучувајќи ја и МПЦ‒ОА, којашто не е нерелавантна, како што сака да ја
претстави српско‒грчката шовинистичка црковна политика) трансферирањето на „институтот Трет Рим”; секако дека таквиот трансфер од „Втор
Рим” кон „Трет Рим”, се однесува на привилегија за координирачка чест, а не за
административна власт: 1) над една врз која било друга јурисдикција, 2) над
каква било замислена „вселенска администрација” или primus totius на еден епископ. Првенството по чест во Православната Црква е
Предание, бидејќи не постои власт што е над епископската; самото Предание се
однесува, како што вели свети Викентиј Лерински (Vincent of Lérins), на тоа што „е доверено, а не што го
пронаоѓаме; тоа што го примаме од светите Отци, а не што самите го измислуваме;
Преданието не е дело на умот, како филозофијата, не е приватна своина, туку
сенародно предавање; дело што до нас дошло, а не што сме го откриле; во односот
кон Преданието, ние не сме пронаоѓачи, туку чувари, не сме основачи, туку следбеници,
не сме водачи, туку раководени. Оттука, првенството во Православната Црква, пред
сè, е според принципот на литургиско претстоителство, а не според политичка
смисла, или смисла на надмоќ на еден епископ над друг, или на една јурисдикција
над друга, или воопшто апсолутна власт и надмоќ (да не даде Бог!) над сите ППЦ ‒ „вселенската администрација”
управувана од еден „надепископ”[7] (владетел над целата Црква). Православното Предание за „првиот” е власта на епископот (како автономен ентитет во Помесната Црква, оттука не постои автономна
Помесна Црква), ништо друго; правото за првенство е
овозможено од локалниот статус на епископите (оттука и од помесниот ‒ првенство доделено од соборната волја на повеќе
епископи). Изворот на првенство, прв меѓу епископите,
во една точно дефинирана јурисдикција на една Помесна Православна Црква, не е апостолското
преемство, туку е соборната волја на епископите, за еден од нив да биде прв по
чест меѓу нив; првиот епископ помеѓу јурисдкициите од сите Помесни Православни
Цркви, пак, не го избира „вселенската” Црква, тој е избран од својата Помесна
Црква, туку востановениот поредок на Помесните Цркви, редоследот во официјалните
списоци (диптиси), коишто имаат променлива форма (многупати во
историјата). Меѓутоа, од редоследноста во почестите не
треба горделиво да се присвојува власта, и притоа првиот по редослед во
списоците екцесивно (нужно, пожелно) да присвојува административен примат (идеја што
потекнува од Првиот ватикански концил).
Меѓутоа, постои и сомнеж за
актуелизирање на Византиската визја за „Вселенска” Црква, којашто, сепак, и таа
е замислена како пленарен систем на пентархија, со тенденција за нејзино понатамошно
модифицирање; кога ќе го исклучиме Рим, а ќе ја додадеме Москва, целта е останатите
Помесни Православни Цркви да се деградираат на степен на митрополитски систем,
потчинет на пентархискиот систем.
4) Врховистичките провокации никогаш не престанале кон Македонскиот народ и
кон МПЦ‒ОА
Секоја држава мора да создаде свои
институционални механизми за заштита од она што може да ѝ го загрози нејзиниот
опстанок (егзистенција), суверенитет, или виталните интереси. Исто така, и секоја ППЦ треба да ја
заштитува својата јурисдикција од неканоско преминување и упаѓање во своите
граници (обрска од 2 канон на II Вселенски собор). Народот е
нераскинлив дел од Црквата; тој е избран народ Божји (εκλεκτός λαός του Θεού); народот има свој
идентитет, има свој ентитет, и мора неприкосновено да му се почитуваат; затоа
секоја ППЦ создава свој идентитет којшто го црпи од народот; народот е извор на
покајание, коешто својот израз го утврдува во монаштвото, и монаштвото е тоа
коешто е извор на кандидати за епископи, но заради сигурна иднина Црквата дава
докази дека епископот не е агент на никоја друга јурисдикција, со цел да се
запази едномислието во Синодите на ППЦ, туку дека секој епископ (особено кандидат за епископ) е агент само на слободата
(прво од гревовите на народот, потоа и од слободата на неговите
непријатели) и на независноста на дефинираната
јурисдикција од Помесната Црква.
Врховистички провокации кон
Македонија и кон Охридската архиепископија (= МПЦ) не прекинале да постојат до ден денес. МПЦ‒ОА
мора, заради сигурност, идна стабилност и одржливост, да ја истакне потребата
од една чиста македонска кадровска политика (што, впрочем, е обврска од Првиот црковно‒народен собор, за избирање
домородни [со јасна македонска провиниенција] епископи), којашто е афирмација на посебноста на македонскиот народ (Македонски народ, различен од Бугарскиот и од Српскиот); туѓа филопатрија, односно желба за враќање кон корените на туѓа држава (бугарофилство или србофилство) ‒ различен според
идентитетско уверување на Македонскиот народ, МПЦ‒ОА во ниту еден момент не
смее да дозволи. И двете ППЦ (Бугарската и Српската) имаат дамнешна цел Охридската архипеископија да ја потчинат, односно да ја
присоединат кон Трновската или кон Пеќката патријашија; овие две ППЦ имаат
меѓусебна инконтиненција во однос на решавањето на статусот на Охридската
архиепископија (оттука, и на Македонскиот народ и на
Македонската држава), и тие неговото решавање го поврзуваат како
дел од поголемото Бугарско или Српско националистичко прашање. Меѓутоа,
лидерството во МПЦ‒ОА, крајно време е да започне СВОЈА, НЕЗАВИСНА ПОЛИТИКА,
ЧИСТО МАКЕДОНСКА, и во тоа да се убедат сите ППЦ, дека МПЦ‒ОА нема по ниту една
цена да отстапи од својата автокефалност. Тогаш ќе може, како народ и како
Црква, да го постигнеме тоа што го сакаме. Недозволено е да се мисли за присоединување
кон Бугарија (како мајка Црква на МПЦ‒ОА, злоупотребувајќи
го терминот „ecclesiae matrix”, којшто се однесува на големите христијански
центри од каде што се основале христијанските заедници, од каде што, пак, се
ширело христијанството во помалите градови и села од некоја провинција). Барањето, пак, Бугарската (Трновска) патријаршија да биде мајка Црква на МПЦ (Охридската архиепископија[8]), во чијшто Устав е
инкорпорирана, прво е преседан (и парадокс), второ е девастирачко‒бугарофилска тенеденција што никако не води кон самостојна
Македонска Црква. Напротив, апсолутно погрешно е тврдењето дека Охридската
архиепископија некогаш припаѓала на Бугарија, нема такви сведоштва, освен
краткотрајните неканонски преземања; неотуѓиво е правото што Охридската
архиепископија од дамнина го поседува. Охридската архиепископија од Бугарската
Црква не добила ништо, освен неканонска узурпација на нејзината неканонска
Егзархија[9]. Кондиционирањето на „визијата” (масовна фантазија) на барањето за Бугарската Православна Црква да биде мајка Црква на МПЦ‒ОА, за МПЦ‒ОА е транспозиционирање од каноничност во неканоничност. Самото барање содржи декласирани елементи на црковното право и на каноните! Тоа достигнува точка (колапс) којашто бара предавање на „топовите и на градовите”. Преместувањето од нормалната позиција е причина за настанување идно ниво коешто ќе резултира со акултурација и радикална промена на народната меморија, и за МПЦ и за ОА.
Секоја идеја (свесно или несвесно развивана) што смета дека МПЦ‒ОА и
Македонскиот народ ќе бидат ослободени ‒ не со внатрешен развој, туку со помош,
или од страна на Бугарија или на Србија, таа е колаборационистичка (што соработува со непријателот), самата посебе е квинслиншка
идеја. Еднаш Синодот на МПЦ‒ОА санкционираше колаборационистичка постапка; од
колаборационизмот на митрополитот г. Јован со СПЦ, во јурисдикцијата на МПЦ‒ОА
беше формиран проектот „ПОА”, којшто сè потешко и потешко се сузбива неговата
експанзија; што ако во јурисдикцијата на МПЦ‒ОА во иднина се создаде уште еден
таков проект (латентна спрега на истомисленици за
формирање нов проект поддржуван од Бугарската Црква)? Идејата за Бугарската патријашија, да биде мајка Црква на МПЦ‒ОА, е
контестабилна, немериторна, што дава сомнеж, затоа таа треба правно да се
процесуира, да се преиспита од црковно‒правна комисија. Спротивно, доколку не
се изврши идентификација на идејата, тогаш во МПЦ‒ОА, свесно или несвесно, што
не е небитно во моментот, се толерираат петоколонаши, кои тајно координираат
субверзивни дејства по налог на други држави и по налог на други ППЦ, против
МПЦ и против Македонскиот народ, притоа тие лажно претставувајќи се како
лојални граѓани. Всушност, на таквите им се дозволува да спроведуваат
непријателски политики, вршејќи саботажа и активности коишто имаат цел да
предизвикаат конфузија и деморализација во редовите на Македонските граѓани и
на верниците од МПЦ‒ОА. Колаборационизмот со непријателите не е неволен, не е
присилен (маченички нужен и неизбежен), туку е доброволен. Евентуално е позитивен единствено како обид за
искористување нужност или опасност од можно одржување Вселенски собор, што,
пак, во случајот е неодржлив поради официјалниот раскол во Православната Црква.
Ние имаме голема одговорност пред
историјата, оти не бевме смели... за една решитела борба против врховистичките
идеи за Македонија и за Охридската архиепископија, туку, нестратешки,
безидејно, делузивно се маткавме во една магловитост, без една прецизна и
строго определена принципиелна стратегија во однос на нашите национални
интереси... Заради тоа дојдовме до оваа внатрешна поделеност и нестабилност.
Целта на надворешните и на внатрешните непријатели е радикална промена на
утврдениот поредок на МПЦ од 1967 год., којшто, пак, е иреверзибилен процес, и
Одлуката е непроменлива за идните генерации. Специјална е војната врз МПЦ‒ОА и
врз Македонскиот народ, хибридни се непријателските активности (разузнавачки и пропагандни операции) со цел нивно ослабување преку разни диверзии, а со цел дестабилизирање на
сувереноста, на автокефалноста (самоизбирачкиот систем
за прв меѓу еднаквите и за самозаконодавната власт), со цел крајно уништување на МПЦ‒ОА.
Белешки
[1] Според еминентниот толкувач на каноните Зонара, 17 канон се однесува на преоценка на жалбата од тужениот клирик на некоја Помесна Црква кај Цариградската патријашија, доколку тужениот клирик би поднесол тужбено барање за апелациско разгледување на пресудата.
Оттука, слободно може да се каже дека терминолошка неточност (неканоничност) е какво било суспензивно вето или апелациска постапка надвор од границите на една јурисдикција, дури и внатре во неа; секоја постапка што е надзаконодавна е самозададена надлежност (има бесправен основ).
Правото што ѝ го дава канонот на Цараградската патријашија е проверка на законитоста на судската постапка, како од надлежниот епископ, така и од конечната пресуда на Помесната Црква кон тужениот (осудениот) клирик; тоа се однесува на едноставен преглед на законитоста, дали епископскиот суд сторил доволно напори за утврдување на фактичката состојба (правично изведена доказна постапка), или пресудата на епископот (и на Помесниот црковен суд) била самоволна и вонсудска (extrajudicialiter). Цитираниот канон, Цариградската патријашија настојува да го дерогира, бидејќи de lege lata таа не го добива правото на управност во туѓа јурисдикција; напротив, Зонара, мешањето во управноста врз туѓа јурисдикција, експлицитно го нарекува „нарушување на туѓи права”.
Значи, откако црковните судови, во двете инстанци, ќе ги исцрпат правните процедури, и ќе донесаат соодветна пресуда за некој клирик, тогаш незадоволниот клирик на Помесната Црква има право да поднесе жалба за преоценување на пресудата од двете инстанци во Помесната Црква до Цариградската патријашија. Но, Цариградската патријашија, вели Зонара, „не треба да се поставува за судија над сите (заб. управител/администратор над сите Помесни Цркви [старател врз сите]), туку само на оние митрополити што јурисдикциски ѝ се потчинети; таа (ЦП) не може да ги привлече под својот црковен суд митрополитите од Сирија, Палестина и Финикија, или од Египет, против нивната волја; но, митрополитите од Сирија подлежат на управа или на црковен суд од Антиохиската патријашија, а палестинските на управа или на црковен суд од Ерусалимаската патријашија, а египетските да се управуваат или да се судат од Александриската патријашија, од ноие од коишто примаат хиротонија” (Никодим Милаш, Правила Православне Цркве с тумачењима, књига I, стр. 370‒371).
[2] Јевсевије Поповић, Опћа Црквена Историја (1912), књига I. ‒ (до 1054.), професор на православном богословском факултету у Черновцима, стр. 525‒530
Оттука, слободно може да се каже дека терминолошка неточност (неканоничност) е какво било суспензивно вето или апелациска постапка надвор од границите на една јурисдикција, дури и внатре во неа; секоја постапка што е надзаконодавна е самозададена надлежност (има бесправен основ).
Правото што ѝ го дава канонот на Цараградската патријашија е проверка на законитоста на судската постапка, како од надлежниот епископ, така и од конечната пресуда на Помесната Црква кон тужениот (осудениот) клирик; тоа се однесува на едноставен преглед на законитоста, дали епископскиот суд сторил доволно напори за утврдување на фактичката состојба (правично изведена доказна постапка), или пресудата на епископот (и на Помесниот црковен суд) била самоволна и вонсудска (extrajudicialiter). Цитираниот канон, Цариградската патријашија настојува да го дерогира, бидејќи de lege lata таа не го добива правото на управност во туѓа јурисдикција; напротив, Зонара, мешањето во управноста врз туѓа јурисдикција, експлицитно го нарекува „нарушување на туѓи права”.
Значи, откако црковните судови, во двете инстанци, ќе ги исцрпат правните процедури, и ќе донесаат соодветна пресуда за некој клирик, тогаш незадоволниот клирик на Помесната Црква има право да поднесе жалба за преоценување на пресудата од двете инстанци во Помесната Црква до Цариградската патријашија. Но, Цариградската патријашија, вели Зонара, „не треба да се поставува за судија над сите (заб. управител/администратор над сите Помесни Цркви [старател врз сите]), туку само на оние митрополити што јурисдикциски ѝ се потчинети; таа (ЦП) не може да ги привлече под својот црковен суд митрополитите од Сирија, Палестина и Финикија, или од Египет, против нивната волја; но, митрополитите од Сирија подлежат на управа или на црковен суд од Антиохиската патријашија, а палестинските на управа или на црковен суд од Ерусалимаската патријашија, а египетските да се управуваат или да се судат од Александриската патријашија, од ноие од коишто примаат хиротонија” (Никодим Милаш, Правила Православне Цркве с тумачењима, књига I, стр. 370‒371).
Старателството врз сите (κηδεμονία πάντων), е
неканонска пракса во Православната Црква, таканаречена пирамидална еклисиологија,
односно пирамидално устројство со цел самоволно доделување прерогативи, и претставува
самоволна дерогација, или во одреден степен суспензија (властољубива злоупотреба)
на каноните (Преданието) на Православната Црква, на овластувањата коишто произлегуваат
од каноните; такво право не ѝ е дозволено на ниту една патријашија (Помесна Православна
Црква).
[2] Јевсевије Поповић, Опћа Црквена Историја (1912), књига I. ‒ (до 1054.), професор на православном богословском факултету у Черновцима, стр. 525‒530
[3] Грција е првата [во 1833 год.] што го воведува новиот
критериум (националност) за автокефалност
[4] Свети
Кипријан Картагински, Epist. LXXIV, 1, 2.
[5] Ράλλη ‒ Ποτλή, II,
45‒46.
[6] Church Quarterly Review No. 231, p. 97, види кај:
Georges Florovsky, A Doctrinal Approach, Ecumenism I, Volume thirteen in the
collected works
[7] Пожелно е во иднина диаспората на Православната Црква
да се организира според акционерски модел (според принципите на корпоративното
управување), според пропорционалното учество на секој епископ во Православниот
Синод, во политичките граници на државата во којашто се наоѓа диаспората. Со оглед
на тоа дека, „таму каде што ќе се појави епископот, таму нека биде мноштвото
народ, како што, каде што е Христос, таму е и соборната Црква”, така и еден
национален идентитет, пропорционално колку што има народ, толку ќе има свои
епископи во заедничкиот Синод, кои ќе ја одржуваат соборната волја со
останатите епископи во еден Синод, во една држва, којашто има Православна
диаспора. Единствено таквиот распоред (организација) на Православната Црква во
новите земји нуди нејзина сигурност, стабилност, одржливост.
[8] Молдавската митрополија била потчинета на Охридската
архиепископија, со прекини во периодот од 971 год. до 1439 год. Дека Романската
црква била под Охридската во 1390 год. сведочи писмото од Цариградскиот
патријарх на Унгарско‒влашкиот кнез Мирчеа Велики, писмо што се наоѓа во актите
на ЦП (acta patriarchatus constantinopolitani), во коешто, Охридскиот
архиепископ се означува како надлежен архиепископ на кнезот Мирчеа. Исто така, романската
и влашката црква во 1439 год. се приклучиле кон Охридкста архиепископија заради
унијата на ЦП со Рим. Постои документ што сведочи дека унгаровлашката и
молдавската митрополија потпаѓале под Охридската архиепископија; тоа била
коресподенција, од 1456 год., меѓу Молдавскиот кнез Стефан Велики (1457‒1504) и
Охридскиот архиепископ. (Јевсевије Поповић, Опћа Црквена Историја (1912), књига
II. ‒ (oд 1054 до
1912.), професор на православном богословском факултету у Черновцима, стр. 56‒58)
[9] Бугарската егзархија за Бугарскиот народ не е нелегитимен метод, но е
нивен принцип (jus cogens), нивна проценка (без разлика дали е легитимна или не) со којашто народот не дозволил туѓа црковна управа.
Ретроспектива само колку за перспектива. Ретроактивност (и само благодарност) може да се искаже кон Српскиот патријарх Герман, кој, и покрај противењата на мнозинството архијереји од Соборот (на СПЦ), објективно расудувајќи дека неканонски узурпира територија во Македонија, pro bono доделил автономија (хиротонисувајќи епископ за МПЦ); дал можност Црквата (МПЦ) да се развие до автокефална. Поради хиротонијата (апостолското преемство), неблагодарно е на СПЦ да не ѝ се признае дадената потенционално‒развојна предиспозиција на МПЦ. Секако дека тоа СПЦ го очекува и го посакува, бидејќи настојуваат да си ја обезбедат иднината, при евентуално непостоење (исчезнување) на МПЦ‒ОА (феномен што може да ѝ се случи на секоја Помесна Црква), да можат да ја наследат јурисдикцијата во Македонија.
Ретроспектива само колку за перспектива. Ретроактивност (и само благодарност) може да се искаже кон Српскиот патријарх Герман, кој, и покрај противењата на мнозинството архијереји од Соборот (на СПЦ), објективно расудувајќи дека неканонски узурпира територија во Македонија, pro bono доделил автономија (хиротонисувајќи епископ за МПЦ); дал можност Црквата (МПЦ) да се развие до автокефална. Поради хиротонијата (апостолското преемство), неблагодарно е на СПЦ да не ѝ се признае дадената потенционално‒развојна предиспозиција на МПЦ. Секако дека тоа СПЦ го очекува и го посакува, бидејќи настојуваат да си ја обезбедат иднината, при евентуално непостоење (исчезнување) на МПЦ‒ОА (феномен што може да ѝ се случи на секоја Помесна Црква), да можат да ја наследат јурисдикцијата во Македонија.
No comments:
Post a Comment