Во
претходните наши трудови докажавме дека претензијата за власт врз МПЦ‒ОА не
може да биде оправдана со каноните. Исто така, би сакале да укажеме и дека ниту
внатрешните мотиви за црковната икономија, попустливоста кон заканите и лажните
уверувања, не се оправдани.
Ако синергетски ги надминеме овие ограничувања, тогаш на сите узурпатори ќе им го одземеме манипулативниот терен за јурисдикциски претензии, како на српските и бугарските, така и на цариградските (грчките), во поглед на МПЦ‒ОА. Последната претензија (цариградската) е само врз основа на тоа што, таа наводно ги поседува правата за: доделување автокефалност, создавање нови митрополии и да управува со нив, како и управувањето со дијаспората.
Ако синергетски ги надминеме овие ограничувања, тогаш на сите узурпатори ќе им го одземеме манипулативниот терен за јурисдикциски претензии, како на српските и бугарските, така и на цариградските (грчките), во поглед на МПЦ‒ОА. Последната претензија (цариградската) е само врз основа на тоа што, таа наводно ги поседува правата за: доделување автокефалност, создавање нови митрополии и да управува со нив, како и управувањето со дијаспората.
Намерата е конечно
да укажеме дека е остварен постојан и неизменлив суверенитет во рамките на
територијалната јурисдикција на Црквата во Македонија, и секаде каде што има Македонска
дијаспора.
Како членови
на Архиепископскиот црковно‒народен собор на МПЦ‒ОА, имаме обврска да презентираме
студија за автокефалноста на МПЦ‒ОА, бидејќи според јуридичките вредности на формалните
извори на правото, таа претставува завршен факт (fiat acompli). МПЦ‒ОА го поседува најсуштинскиот атрибут
„сувереност/автокефалност”, оттаму таа не смее да прифати екстерни интервенции
и да преговара за промена на сопствената политиката.
Доминантно
прашање во студијата е, кои се потребните услови за црковна јурисдикција над една
територија? Прашањето има сличност со прашањето на условите за стекнување државен
суверенитет во меѓународното право.
Државата
добива суверенитет над територијата ‒ или оригинарно, почетен или новоформиран,
или деривативно, со наследно произлегување од друг правно‒политички систем. Во
првиот случај, власта над територијата никому претходно не припаѓала (territorium nullius). Во другиот – таа припаѓала
на друга држава.
Оригинарната
сувереност се добива или по пат на акцесија – природно територијално
зголемување или по пат на окупација, со заземање територија, којашто никому не припаѓа,
бидејќи, и во меѓународното право, како и во граѓанското право, ничија ствар припаѓа
на оној што ќе ја освои (res nullius credit
primo occupanti).
Деривативниот
суверенитет се добива на повеќе начини – по пат на наследство, договор,
узукапија или прескрипција (застареност на
побарувањето/жалбата/тужбата), при што за важноста на
овие акти потребни се уште и специјалните услови – согласност на населението од
територијата (плебисцит или согласност на управуваниот [consend of the governed]) и согласност на другите држави.
Нешто слично
постои и во црковното право. И овде стекнувањето јурисдикција може да биде или
оригинарно или деривативно. Оригинарно стекнување јурисдикција е тогаш, кога автокефалната
Црква стекнува власт над некое православно (или неправославно) население на некоја територија, којашто
дотогаш не припаѓала на ниту една Православна Црква, и од црковно‒правен аспект
била res nullius. Деривативно стекнување постои тогаш, кога црковната единица (парохија, црковна општина, епископија, митрополија, автономна и автокефална
Црква) преминува од една во друга црковна јурисдикција, како
примерот на Далматинската и Буковинската епархија, коишто, во 1922 год.,
самостојно одлучиле да влезат под јурисдикција на новоформираната Црква на
Кралството СХС.
Оригинарното
стекнување црковна јурисдикција се врши по пат на надворешна мисија, којашто во
црковното право е слично на окупацијата во меѓународното право. Црквата, којашто
го проширила (missio) христијанството (in partibus infidelium) кај некој народ (ecclesia matrix и ecclesia filialis) или некој народ (или организирана заедница, еретичка или
расколничка) го вратила во православие, има право на
јурисдикција врз тој народ, за што постои основа, како во Светото Писмо (1 Кор 4, 15), така и во каноните. „Црквите да останат под
власта на оние престоли, од чиишто епископи биле убедени, и да се вратат кон соборно
единство”, како што се вели во 117 канон од Картагинскиот собор.
МПЦ‒ОА
својата автокефалност ја стекнала деривативно, бидејќи е правен наследник на
Охридската архиепископија, а според локацијата на основањето, е историски
наследник на Јустинијана Прима. Дури може да се каже дека МПЦ‒ОА деривативно ја
стекнала својата автокефалност, тогаш, кога духовно добила апостолско преемство од
Српската Православна Црква; така овластена да ги врши своите функции, прескриптивно ги стекнала своите конечни права, при што оригинарноста преминала во деривативност. Меѓутоа, овие црковно‒правни аспекти се извесни,
правно исцрпени, и имаат важност само во преамбулата (диспозитивот), како експресивни историски факти на Уставот од МПЦ‒ОА (fiat accompli или неизменлива норма).
МПЦ‒ОА го
развила своето материјално и духовно постоење ‒ има административно‒правно и
јерархиско устројство. Црковно‒правната фактичност, податоците за одржливост и
доследност во сите години наназад, уште повеќе ѝ ја зацврстуваат решеноста за
продолжување на автокефалното постоење.
Очигледен е озаконетиот
и неизменлив поредок на МПЦ‒ОА. Јасно е дека нашите анализи во студијата, на
многумина, ќе им бидат „тешки” и неугодни, такви коишто не одговараат на
нивното расудување. Но, нас не нè оптоварува тоа, по примерот на Свети апостол
Павле, „ако бев сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга (Гал 1, 10).” Оние, пак, кои се надарени со разумност, и
кои навикнале неповршно да расудуваат за стварите, кон сè што ќе им се појави
пред очите, нив тоа нема веднаш да им ја стресе душата, туку ќе продолжат и понатаму
да се продлабочуваат во проучување на предметот, и ќе пројават способност за
воочување на длабочината на предметите, не онака какошто првично им е понудено.
Исто така, и „проблемот” на МПЦ‒ОА, само на тој начин, реално може да го
расудуваат, преку продлабочена анализа, не како што првично им е понудено; само така
може реално, и во нејзината полнота, да ја согледаат вистината за МПЦ‒ОА. Тогаш сите
интересенти за „проблемот” на МПЦ‒ОА ќе разберат, дека она што ќе го произнесеме
е корисно, како за оние што живеат според Божјата волја, така и за нашиот народ,
но и за државата.
Со оглед на
тоа дека нашата студија: „Знаеме кои сме,
само кога знаеме кои не сме, и често само кога знаеме против кого сме”, е пообемна,
затоа ќе ја објавиме во неколку продолженија.
No comments:
Post a Comment